Поврзаноста на владата на СДС под водство на Зоран Заев, била длабоко поврзана со контроверзниот проруски бизнисмен, Миодраг Давидовиќ – Дака, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова беше познато и во 2020 кога излегоа аудиоснимките, на кои Дака се слуша како разговара со заевиот партнер од матните зделки, Зоран Милески – Кичеец на кој му вели дека на Заев му дал 300 илјади евра и 2.000 метри квадратни земјиште.
Кичеец бил посредник на Заев, кој Дака го рекетирал за да им завршат одредена бизнис услуга.
На тогаш објавените снимки меѓу двајцата контроверзни ликови, Кичеец и Давидовиќ-Дака, се слуша и како прорускиот бизнисмен кажува дека парите, 300 илјади евра, кои му ги дал на Заев, тој ги искористил за да направи изборен инженеринг за референдумот за името“.
Тоа што остана да лебди во воздухот, додаваат од владејачката партија, е тоа што ниту Заев, ниту СДС ги негираа овие снимки, што јасно потврдува, велат од партијата, дека тие биле точни и автентични, а во истата снимка од разговорот на Дака со Кичеец, се слуша и името на поранешниот генерален секретар на владата на Заев, Драги Рашковски.
Ова, според ВМРО-ДПМНЕ, значи дека целата тогашната власт на СДС била поврзана со овој проруски бизнисмен и затоа му ги знаат сите фирми и бизниси во кои е вклучен.
„А, можеби и токму затоа помагале за менување на ДУП во град во западна Македонија, за што македонската јавност ќе биде потсетена на денешната прес-конференција.
Еве, деновите минуваат и освен што ова СДС на чело со Филипче, ги брои фирмите и бизнисите на Дака, до денес, ни од партијата ни од Заев нема никакво негирање или демантирање за овој случај.
Тоа што на граѓаните им станува се појасно, е дека каде има криминал и корупција, таму се СДС, Заев и Филипче








