Најпопуларната 18+ поза е всушност и најопасната (особено за мажите)

Точка

02/04/2026

21:22

1.078

Големина на фонт

а а а

Иако многумина претпоставуваат дека повредите за време на секс најчесто се случуваат при необични или поинтересни позиции, ново истражување го покажува спротивното. Најголем ризик, се покажува, носат токму најчестите, „класични“ позиции кои обично се сметаат за безбедни.

Според студија која анализирала податоци од повеќе од 1000 лица во Европа и САД, токму мисионерската позиција, омилена кај многу парови, е и најризична, особено за мажите.

Мисионерската позиција како водечки причинител на повреди

Истражувањето на компанијата „Joy Love Dolls“ покажало дека мисионерската позиција е одговорна за речиси 20 отсто од повредите кај мажите и е водечки причинител на скршеници, болки во грбот и истегнување на мускулите. Но, погодени се и жените, кај кои 16,3 отсто од повредите се поврзани со оваа позиција, вклучувајќи 24 отсто случаи на болки и 21 отсто повреди на ткиво.


Советникот за секс, Скоути Анфејмус, објаснил зошто толку распространета позиција може да создава проблеми. „Иако е една од најпопуларните позиции, таа позиција истовремено е и најчест причинител на интимни повреди бидејќи создава дополнително оптоварување на зглобовите и напор“, рекол тој.

Тој понуди и едноставно решение за намалување на ризикот. „Ако почувствувате непријатност за време на секс во мисионерската позиција, обидете се да се помогнете со перничиња или свиткан пешкир или ќебе за да обезбедите поддршка таму каде е потребно, на пример под колковите, колената, грбот или рамениците“, додал.

Ризиците не ја намалуваат популарноста

И покрај ризиците, оваа позиција и натаму е најпопуларна меѓу паровите. Австралиската ескорт дама, Лилит Лоџ, потврдила дека поголемиот дел од клиентите се држат до основното.

„Повеќето клиенти се многу едноставни и бараат стандардни работи. Не е баш вообичаено, сигурно не се случува често, клиентите да бараат нешто надвор од тоа што го сметам за 'нормално'. Во главно, сè се сведува на мисионерската позиција“, изјавила таа.

„За моите клиенти може да биде многу незгодно и непријатно да изведуваат луди пози, освен ако не се навистина млади момци. Понекогаш ќе побараат мисионерска позиција со моите нозе зад главата, што не секој може да го изведе бидејќи бара флексибилност, но тоа е приближно сè“, додала.

Сè на сè, резултатите покажуваат дека позицијата што многу парови ја сметаат за вообичаена може да носи неочекувани ризици, што е потсетник дека дури и најпознатите навики во спалната соба не треба да се земаат здраво за готово.