Порталот "Freetour.com", специјализиран за резервации на бесплатни пешачки тури, објави листа од 100 најдобри градови во светот за истражување пеш во 2026 година, врз основа на пребарувања, резервации и рецензии од милиони патници. На листата, сепак, нема ниту еден македонски град.
Будимпешта го зазема првото место благодарение на својата импресивна архитектура, булеварите покрај Дунав и компактниот центар кој овозможува лесно пешачко истражување. Градот нуди комбинација од историски знаменитости, термални бањи и жив урбан ритам, што го прави идеален за туристи кои сакаат да го доживеат градот без превоз.

Рим е на второто место, препознатлив по својата уникатна мешавина од античка историја и современ живот. Пешачењето низ градот значи движење низ векови – од Колосеумот и Римскиот форум до плоштадите и тесните улички исполнети со локална атмосфера.

Виена се наоѓа на третата позиција и се издвојува со својата уреденост, културно наследство и лесна проодност. Централното градско подрачје е богато со музеи, палати и паркови, а широките улици и јасната организација го прават градот исклучително пријатен за пешачење.

Топ 10 градови за пешачење:
✔ Будимпешта
✔ Рим
✔ Виена
✔ Барселона
✔ Мадрид
✔ Париз
✔ Прага
✔ Неапол
✔ Фиренца
✔ Лисабон
Останатата листа:
11 – 20: Лондон, Милано, Порто, Севиља, Амстердам, Атина, Венеција, Даблин, Мексико Сити, Брисел
21 – 30: Берлин, Копенхаген, Истанбул, Талин, Краков, Валенсија, Картагена де Индијас, Палермо, Стокхолм, Единбург

31 – 40: Гранада, Верона, Букурешт, Меделин, Минхен, Болоња, Вилнус, Рига, Толедо, Малага
41 – 50: Њујорк, Дубровник, Братислава, Маракеш, Кордоба, Хамбург, Хелсинки, Сплит, Бриж, Буенос Аирес

51 – 60: Љубљана, Варшава, Тирана, Осло, Сарагоса, Токио, Билбао, Гент, Сантијаго де Чиле, Стразбур
61 – 70: Загреб, Богота, Валета, Марсеј, Торино, Ханој, Вроцлав, Келн, Мерида (Мексико), Антверпен

71 – 80: Солун, Бордо, Тбилиси, Панама Сити, Палма, Франкфурт, Кадиз, Сантијаго де Компостела, Софија, Сараево
81 – 90: Лима, Рио де Жанеиро, Мостар, Куенка, Сеговија, Танжер, Гдањск, Белград, Дрезден, Фес
91 – 100: Лион, Коимбра, Џенова, Куско, Леон, Трст, Белфаст, Рејкјавик, Антигва, Саламанка











