Неочекувано откритие во Помпеја: Жртвеници полни со остатоци од супстанции од Африка или Азија, еве зошто е важно тоа

Точка

31/03/2026

19:38

567

Големина на фонт

а а а

Во домашните жртвеници во Помпеја, уништена при ерупцијата на вулканот Везув, се наоѓале локални растенија измешани со ароматични супстанции од Африка или Азија, покажува меѓународно истражување на тим експерти.

Ова потврдува дека Помпеја пред околу 2.000 години била дел од глобална трговска мрежа.

Пронајдени остатоци од пепел

Меѓу сочуваните предмети се остатоци од пепел во кадилници што жителите на Помпеја ги користеле за ритуални жртвувања.


Експерти од универзитетите во Цирих, Минхен, Бон, Кил и Даблин, во соработка со Археолошкиот парк Помпеја, ги анализирале тие остатоци со помош на современи лабораториски техники, фокусирајќи се на две кадилници пронајдени во Помпеја и во една вила во Боскореале.

„Сега можеме конкретно да покажеме кои мирисни материи навистина се палеле во домашниот култ на жителите на Помпеја“, објаснил Јоханес Ебер од Универзитетот во Цирих, координаторот на студијата.

Употреба на вино во ритуалите

Според неговите зборови, покрај регионалните растенија, биле пронајдени и траги од увозни смоли, што укажува на широки трговски врски.

„Особено внимание привлекува еден од садовите во кој беа пронајдени остатоци од егзотична дрвна смола, веројатно од тропските региони на Африка или Азија“, истакнал тој.


Максим Ражео од Универзитетот во Бон, кој ги спровел биомолекуларните истражувања, додал дека молекуларните анализи, исто така, укажуваат на присуство на производ добиен од грозје во една кадилница.

„Тоа се совпаѓа со употребата на вино во ритуалите прикажани во римската уметност и опишани во пишаните извори и покажува колку е важно да се поврзат археолошките истражувања со научните анализи“, рекол тој.

Нова постојана изложба

Филип Штокхамер од ЛМУ Минхен, во чија истражувачка група започнало ова истражување, изјавил дека комбинацијата од различни современи хемиски и микроскопски техники го прави секојдневниот религиски живот на жителите на Помпеја одненадеж опиплив.


Археолошкиот парк Помпеја, кој неодамна отвори нова постојана изложба посветена на ерупцијата и нејзините жртви, вклучувајќи и голем број органски остатоци од растенија, храна и дрвени предмети, го истакнува значењето на ваквите студии.

„Без Помпеја, нашето знаење за римскиот свет би било посиромашно“, истакнал директорот на паркот, Габриел Цухтригел.