Ѓорческа падна 15. места на најновата ВТА ранг листа

Макфакс

30/03/2026

12:56

181

Големина на фонт

а а а

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа доживеа пад од 15. позиции на најновата ВТА ранг листа.

Ѓорческа со 364 поени го зазема 200. место на светот што е 30 позиции послабо е нејзиниот најдобар пласман остварен во јуни 2017 година.

Магдалена Стоилковска пак остана мирна и со 3 поени е 1474 тенисерка на планетава.

Во двојки пак ранкинг има само Лина која отиде назад дури 258 чекори и сега е 1277 во оваа конкуренција.

Кога пак е во прашање самиот врв, Сабеленка продолжува да доминира и број еден пред Рибакина, Гоф, Швјонтек и Пегула која ја комплетира најдобрата петка.