Мурињо го критикуваше Анчелоти за Нејмар: Направи грешка, замислете…

Дерби

30/03/2026

12:53

439

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на Сантош, Нејмар не се најде на списокот на Карло Анчелоти и за овој „прозорец“ кога е во прашање бразилската репрезентација, „прозорец“ во кој „кариоките“ одиграа со Франција и загубија, а ги очекува и соочување со Хрватска.

Со ова дополнително се намалија шансите на Нејмар да биде дел од составот на Бразил за престојното Светско првенство иако Анчелоти порача дека ништо не е одлучено и дека вратата се уште е отворена.

Дон Карло постојано добува сугестии дека Неј мора да биде во националниот тим, се јавија дел од легендите, играчите испратија пораки кои лесно се читаат, а Жозе Мурињо отиде подалеку и дури одлучи да испрати директна критика до колегата.

-Замислете Португалија да не го повикаше Кристијано Роналдо или Аргентина да не го повикаше Лионел Меси. Не можете да го отстраните Нејмар од репрезентацијата освен ако нема меѓусебен договор. Тоа е огромен недостаток на почит кон Нејмар Џуниор. Тој навистина направи грешка, -истакна Мурињо според „Diario Do Peixe“.