Неверојатно: Направија серија 31-0 и испишаа историја во НБА лигата (ВИДЕО)

Макфакс

30/03/2026

12:55

406

Големина на фонт

а а а

НБА е најсилната кошаркарска лига на светот, лига во која можат да се случат неверојатни работи на највисоко ниво, а на еден таков подвиг бевме сведоци рано утрово и тоа на мечот меѓу Торонто Репторс и Орландо Меџик.

Домаќините го разбија клубот од Флорида со 139:87 и со тоа дојдоа до втората најголемата победа во историјата (прва е онаа против Голден Стејт Вориорс од 53 разлика), односно Орландо го претрпе најтешкиот пораз во досегашното постоење.

Гостите одиграа навистина чуден натпревар, тргнаа добро и водеа со 20:14 на средина на првата четвртина по што им се случи помрачување. Имено тие потоа дозволија домаќинот да направи неверојатна серија од 31-0 и дојде до предност од 45-20.

Ова е момент за историја, никогаш досега не се случило еден тим да има ваква серија, поточно ривалот да не одговори, да не даде ниту еден поен. Ова е најдолга низа на еден клуб да не се разбуди да не даде кош од сезоната 1997/1998 во „play-by-play“ ерата.