Мурињо директен: Португалија без Роналдо е…

Дерби

29/03/2026

17:08

329

Големина на фонт

а а а

Португалија не успеа да ја оправда улогата на фаворит и ремизираше со Мексико (0-0) на пријателскиот меч што се одигра во Мексико Сити.

Португалците настапија со силен состав на ова соочување, ама имаа скромно издание на „Ацтека“ со само два шута во рамките на голот на домаќините.

Многу повеќе се очекува од Португалија која на хартија важи за еден од топ фаворитите за титулата на СП, но според Жозе Мурињо неиграњето на Кристијано Роналдо (повреда) и тоа како се чувствува и покрај тоа што често можат да се сретнат коментари дека селекцијата од Пиринеите е подобра, послободна во играта кога ветеранот не е активен.

-Ако го отстраните Кристијано Роналдо од сликата, Португалија ќе изгледа како обичен тим. Луѓето постојано нè молат да не го повикуваме. Па, тој не играше денес и го видовте резултатот. Нема закана, нема страв од противникот. Само тим кој е под притисок од Мексико.

-Кога Роналдо е на теренот, противникот размислува двапати. Без него, тие воопшто не размислуваат, -порача Мурињо.