„Гладијаторите“ го преслушаа Олимпијакос и се на чекор од полуфинале во Европскиот Куп

Дерби

29/03/2026

17:58

176

Големина на фонт

а а а

Ракометарите на ГРК Охрид направија голем исчекор кон пласман во полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ откако попладнево го решија Олимпијакос на негов терен во Грција.

Македонскиот прволигаш славеше во Атина со 31:26 и е во одлична позиција пред реваншот што ќе се игра во салата „Билјанини Извори“, меч закажан за 4 април.

Избрнаиците на Борис Ројевиќ беа максимално фокусирани од почеток до крајот, а клучната предност ја направија во првиот дел кој го добија со 15:10. Во вторите 30 минути Охрид се одбрани од нападите на домаќините и ја сочува предноста од пет гола која широко им ја отвара вратата за место меѓу најдобрите четири во ова натпреварување.

Иванковиќ и Лиапис дадоа по седум гол за македонскиот клуб, додека кај поразените блескаше Савас со 14 погодоци.