Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Точка

27/03/2026

15:08

145

Големина на фонт

а а а

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј и по повод Светскиот ден на театарот, Diners Club објави партнерство кое оди подалеку од класичната бизнис поддршка, тоа е соработка втемелена во почитта кон културното наследство и посветеноста кон луѓето кои го создаваат и го уживаат.

За Diners Club, оваа одлука е природен чекор во нивната мисија да бидат поддршка во моментите кои навистина значат. Кога една институција како Драмски театар слави 80 години, тоа не е само празник за актерите, туку за целата заедница која со генерации растела со тие претстави.


Посветеност на вистинските искуства

Во свет каде сè почесто комуницираме преку екрани, Diners Club избира да ја поддржи живата уметност, онаа што се случува тука и сега. Според нивната филозофија, поддршката за културата е суштински дел од грижата за заедницата.

„Во време кога светот сè повеќе се движи со брзина на дигитализација и алгоритми, веруваме дека вистинската вредност на животот и понатаму се мери преку емоциите, доживувањата и спомените што ги создаваме. Театарот е едно од ретките места каде што таа емоција сè уште се случува во живо, непосредно и силно. Затоа ова партнерство не го гледаме само како спонзорство, туку како инвестиција во културната и емоционалната вредност на општеството“, вели Тони Јанковски, Директор на оддел за развој на производи и иновации во Diners Club Македонија.

„ Овој Договор за покровителство што денеска го потпишуваме, не е само формален чин, туку вистинска потврда дека културата и денеска во ова време на големи економски предизвици има свои пријатели и поддржувачи. Особено е симболично што денес, на 27 Март – Светскиот ден на театарот, зборуваме за поддршката на уметноста. Театарот отсекогаш опстојувал благодарение на заедницата – на оние кои верувале дека уметноста е неопходна за развојот на едно општество, “ истакна Роберт Вељановски, директор на Драмски театар.


Повеќе од партнерство – заедничка приказна

Преку оваа соработка, Diners Club сака дополнително да ја поттикне навиката за посетување културни настани и да биде поддршка на сите оние што ја препознаваат вредноста на театарот како живо, автентично и незаменливо искуство.

Во јубилејната година на Драмски театар, ова партнерство испраќа јасна порака дека традицијата, културата и уметноста не само што треба да се слават, туку и активно да се поддржуваат, за да продолжат да живеат и да инспирираат.