Автобус удри во ученичка пред средно училиште, со тешки повреди е пренесена во болница

Макфакс

27/03/2026

16:16

229

Големина на фонт

а а а

Автобус удри во ученичка пред средно училиште во кумановско село. Девојчето со тешки повреди е пренесено во болница.

Вчера во 09:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на пат пред средно училиште во Долно Којнаре, кумановско, автобус „ман“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(61) од село Алгуња, општина Старо Нагоричане, со кој се превезувале ученици, движејќи се наназад удрил во 16-годишна ученичка во училиштето од Старо Нагоричане.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила ученичката, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.