Платите нагоре и пензии што растат: Филипче промовираше дел од клучните политики од новата програма на партијата

Макфакс

27/03/2026

15:00

127

Големина на фонт

а а а

На денешниот брифинг со новинарите претседателот на СДСМ, Венко Филипче промовираше дел од клучните политики и мерки од новата програма на партијата.

„Сведочиме на згрозувачка „инфлација на алчноста“. Додека работникот едвај врзува крај со крај, големите корпорацији бројат рекордни профити среде криза. Имаме европски цени во маркетите, а плати што ја надржат на дното на Европа. Власта свесно замижува пред тој неправеден систем, каде профитот се изнесува надвор од земјата, на место да заврши во џебот на граѓаните. Пенизионерите кои ја градеа оваа држава се оставени на маргините, глеајќи како нивните пензии секој месец губат во трката со цените и платите.“ рече Филипче.

Затоа ние нудиме не само бројки туку нов социјалден договор, додаде тој.

„Економијата е за луѓето, не за газдите. И затоа не нудиме само бројки, туку сосем нов социјален договор. Прво, платите горе, понатому пензии што растат, стоп за профитерите, македонски пари дома и крај на пазарниот терор.“ рече Филипче.

Мерката предвидува пораст на платите на работниците и 50% поголеми пензии. Ако профитот на фирмата расте, како што беше појаснето, мора да расте и платата на работникот. Државата, според него, веќе нема да биде само нем набљудувач, туку партнер кој ги наградува фер компаниите, а ги казнува оние што профитираат на туѓа мака.

„Државата го намалува својот даночен дел на фирмите што ги качуваат платите. Наместо во буџетот, парите завршуваат директно кај работинкот.

Пеизијата ќе следи во чекор ако поскапи храната или пораснат платите, веднаш добиваат повеќе пензиониерите. Гарантираме 50% раст за сите пензии по само еден мандат“.