[ВИДЕО] „Домашен ботокс“, наједноставната маска за лице на која секогаш се враќаме: Сега е хит на социјалните мрежи

Кармин

27/03/2026

18:21

351

Големина на фонт

а а а

Во време кога трендовите во убавината се насочени кон природен изглед и негувана кожа, сè поголема популарност добиваат едноставни домашни рецепти. Еден од нив е маската од ленено семе, која на социјалните мрежи се промовира како „домашен ботокс“

Кога светот на убавината стави пауза на екстремното шминкање, водечкиот тренд стана техниката за „стаклена кожа“. Таа е осмислена во Кореја и подразбира исклучително мазна, проѕирна, сјајна и чиста кожа, слична на стакло кое ја рефлектира светлината. Исто така, знаеме дека ваквиот изглед бара повеќегодишна грижа и дисциплина во нега на кожата. Сепак, сето тоа можеме малку да го забрзаме со една од наједноставните домашни маски за лице, која можете сами да ја направите дома.

Заедницата на ТикТок е воодушевена од оваа домашна маска и ефектот го споредува со ботокс. Подготовката е едноставна и економична, а сè што ви треба се ленено семе и вода.



Маска од ленено семе

Иако овој рецепт не е новост кога станува збор за домашна козметика, ТикТок креаторката и соосновачка на заедницата за благосостојба BeSpoken Society – @victoria__benitez, го направи вирален.

Бенитез го опиша третманот како „домашен ботокс“, користејќи само ленено семе и вода. Нејзото видео досега собра над 6,4 милиони прегледи на ТикТок, а хаштагот #flaxseedfacemask го виделе околу пет милиони луѓе. На овој хаштаг, главно девојки ја испробуваат маската, додека дерматолозите снимаат свои реакции и коментираат за безбедноста и ефектот на маската.

Стручњаците кои се изјасниле имаат поделени мислења и предупредуваат за можни алергиски реакции и иритации, дури и кога станува збор за природни рецепти. Но, ова е нешто на што мора да се внимава и кај купената козметика, и секогаш треба да се прави patch тест.



Бенитез и други поддржувачи на оваа маска тврдат дека витаминот Е и есенцијалните масни киселини од лененото семе ја зголемуваат еластичноста на кожата и производството на колаген. Исто така, тврдат дека маската помага и при темни дамки, црвенило, воспаленија, лузни, акни и проширени пори, а исто така делува на брчките слично на ботокс.

Иако е научно докажано дека лененото семе е здраво кога се консумира, сè уште нема докази како влијае, или дали воопшто има ефект, кога се нанесува директно на кожата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk