Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

Точка

26/03/2026

15:35

177

Големина на фонт

а а а

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап до широк избор на филмови, серии и уште повеќе забавна содржина.

FilmBox+ е стриминг сервис со постојано растечка понуда на корејски серии, турски драми, филмови и документарни содржини. Сервисот ја надополнува понудата на телевизиски канали на SPI, меѓу кои се и нивните најпознати брендови, FilmBox и DIZI. Со внимателно избран каталог на содржини, наменет за гледачи кои сакаат веднаш да најдат нешто добро за гледање, наместо бескрајно да пребаруваат, FilmBox+ нуди стотици филмови и серии за секое расположение и сечиј вкус, од акција и комедија, до романса, трилер и авантура. Сите филмови и серии достапни на платформата се прилагодени за македонската публика, со превод или синхронизација на македонски јазик.

Лансирањето на FilmBox+ на македонскиот пазар е дел од поширок договор меѓу SPI International и A1 Group, кој ја опфаќа и дистрибуцијата на телевизиските канали. По Бугарија, Србија и Македонија, во план е услугата да стане достапна и на другите пазари каде што е присутен A1, односно во Словенија и Хрватска, со што дополнително се зацврстува позицијата на FilmBox+ како водечки дигитален производ на SPI International во регионот. FilmBox+ веќе е достапен и преку други оператори на пазари како Полска, Унгарија и Романија.


„Навистина ни е драго што FilmBox+ го носиме до нашите корисници и што дополнително ја прошируваме нашата понуда за забава со платформа која ги препознава различните вкусови и навики за гледање. Ова партнерство е уште една потврда на нашата посветеност да овозможуваме квалитетно дигитално искуство и постојано да ја збогатуваме понудата на содржини за македонската публика. Целата содржина е достапна на македонски јазик, што овозможува целосно локализирано корисничко искуство“, изјави Методија Мирчев, генерален извршен директор на А1 Македонија.

„Партнерството со А1 Македонија е важен чекор во доближувањето на FilmBox+ до уште поголем број гледачи во регионот. Ни претставува особено задоволство што на македонската публика можеме да ѝ понудиме богат избор на содржини кои се лесно достапни, пријатни за гледање и постојано се надополнуваат“, изјави Ерван Лухерн, извршен директор на SPI International.

FilmBox+ нуди богато и внимателно приспособено гледачко искуство за различни профили на публика, со лесен пристап, едноставна навигација и брзо и ефикасно пребарување на содржини. Сервисот овозможува креирање до пет кориснички профили и истовремено гледање на три уреди, а вклучува и родителска контрола. FilmBox+ е достапен преку www.filmboxplus.com, мобилни апликации и Smart TV уреди.

Комерцијален текст