Нов земјотрес почувствуван во Македонија

Макфакс

25/03/2026

21:18

400

Големина на фонт

а а а

Нов земјотрес почувствуван вечерва во земјава.

„Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Р. Грција, на околу 290 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.0“.

Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува III степени според Европската макросеизмичка скала.