[ВИДЕО] Владата одлучи: ДДВ-то за горивата се намалува од 18 на 10 отсто - цената на дизелот сепак ќе се зголеми

Точка

22/03/2026

14:01

1.046

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски одржа вонредна прес-конференција на која ги соопшти мерките на Владата поврзани со најавената кризна состојба и растот на цените на горивата

Пресот следеше по итната владина седница на која се разгледуваа можни интервенции за ублажување на ценовниот удар, откако се најави ново значително поскапување на дизелот и бензинот.

По завршувањето на седницата, премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција соопшти дека државата ќе интервенира на пазарот на нафтени деривати.

Владата ќе преземе конкретни мерки за ублажување на најавеното поскапување на горивата, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Според анализите на движењата на светските берзи, се очекува бензинот од 95 и 98 октани да поскапи за околу 6,5 денари по литар, додека дизелот би можело да се зголеми за 10,5 денари по литар.

„Очекуваме цената на бензините да се зголеми на 93 и 95 денари, а дизелот од 92 на 102,5 денари по литар“, посочи Мицкоски.

За да се ублажи ударот врз граѓаните, Владата одлучи да го намали ДДВ-то за бензините и дизелот од 18 на 10 проценти. Со оваа мерка, цената на бензините ќе остане речиси непроменета, додека дизелот ќе поскапи за околу 3 до 3,5 денари по литар.

Дополнително, како што рече премиерот, Владата води преговори со компанијата ОКТА за зголемување на попустот кон трговците, што може да доведе до дополнително намалување на цените за до 3 денари по литар.

Премиерот истакна дека овие мерки ќе овозможат заштеда од околу 200.000 евра дневно, односно приближно 1,5 милиони евра неделно за граѓаните.


Според него, Македонија сè уште има најниски цени на горивата во регионот.