Две лица се пронајдени починати во одделни случаи на подрачјето на Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Првиот случај бил пријавен на 21 март 2026 година во 14:35 часот, кога од Итната медицинска помош било пријавено дека во семеен дом на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат 64-годишниот Д.В. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.
Нешто подоцна, во 15:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа во Скопје е пронајдена почината 84-годишната Д.В. од Скопје. И во овој случај, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.
Надлежните институции преземаат мерки за утврдување на околностите за двата случаи.








