[ФОТО] Скандал: На мајмунот Мики му славеа роденден во Скопската Зоолошка, посетители му ги украдоа подароците

Нетпрес

21/03/2026

20:59

674

Големина на фонт

а а а

Посетители ги украле подароците кои мајмунчето Мики ги доби за роденден во скопската Зоолошка. Иако оваа информација изгледа како од рубриката „верувале или не“, за жал, е вистина.

- Од мало и повредено бебе, денес си вистински мал борец и радост за сите нас. Твојата приказна е доказ дека со грижа и љубов се спасуваат животи. Мики ти си нашиот мал херој, напишаа од скопската зоолошка градина на Фејсбук.

- Фотографиите се од роденденската прослава во чест на гибончето Мики, настан на кој преку едукација ја доближивме до посетителите важноста за заштита на природните живеалишта на гибоните кои се загрозен вид, велат од ЗОО Скопје.

Приказната на Мики е потсетник колку е важно да ги штитиме и почитуваме дивите животни.

Убавиот настан остана во сенка кога беше обелоденето дека посетители му ги украле подароците на мајмунчето.