[ВИДЕО] Вирална трансформација: 70-годишна жена изгледа 30 години помладо по фејслифтинг, интернетот е воодушевен

Точка

19/03/2026

16:30

726

Големина на фонт

а а а

Снимките „пред и потоа“ на 70-годишна жена која се подложила на фејслифтинг станаа вирални и оставија милиони луѓе во чудо. Пластичниот хирург д-р Карл Трусдејл од Беверли Хилс минатиот месец на Инстаграм објави видео од својата пациентка, а гледачите не можеа да поверуваат колку поинаку изгледа по зафатот.

Неверојатна трансформација

Видеото започнува со снимка од неименуваната жена непосредно пред операцијата. Задржувајќи ги солзите, во камерата вели: „Толку сум среќна, толку благодарна и толку возбудена“.

Во следниот кадар е прикажана еден месец по зафатот, а за резултатите зборува со целосно воодушевување. „Неверојатно е, навистина неверојатно. Рече дека ќе ми избрише 30 години од лицето и, богами, го одржа зборот“, рече таа. „Кога луѓето ќе ме прашаат колку години имам, ќе им кажам дека имам 40. Поминав низ времепловот на Трусдејл“.


Интернетот воодушевен од резултатите

Снимката од оваа импресивна промена стана вирална и собра повеќе од 12 милиони прегледи на социјалните мрежи. Многу гледачи беа воодушевени од подмладениот изглед на жената и во коментари отворено ѝ изразија восхит. „Ова е најприродниот фејслифтинг што сум го видел“, напиша еден корисник. „Изгледа толку природно, неверојатно“, се согласи друг.


Многумина хирургот го прогласија за чудотворец. „Д-р Трусдејл... вие сте чудотворец пратен од Бога!“, стои во еден коментар. „Никогаш не би рекол дека всушност има 70 години“, додаде друг. Една корисничка забележа: „Кога би ја офарбала косата во потемна нијанса, без проблем би поминала како жена во средните четириесетти“.


„Ова е пластична хирургија каква што поддржувам. Изгледа одлично и среќно, а ни најмалку вештачки ниту претерано. Секоја чест“, напиша уште еден гледач. „Навистина ѝ симна повеќе од 30 години. Одлично, и тоа толку природно“, гласеше друг коментар.

Хирург кој ја оперирал и сопствената мајка

Д-р Трусдејл често ги објавува резултатите од својата работа на ТикТок, каде го следат повеќе од 158.000 луѓе. Според податоците од неговата интернет-страница, специјализиран е за хируршки и нехируршки зафати со кои лицето, ушите, очите, носот, вилицата и линијата на косата се подмладуваат, обликуваат и се враќаат кон поприроден изглед.

Тоа не е првпат неговата работа да привлече големо внимание. Претходно стана вирален откако на својата мајка Линда, која тогаш имала 68 години, ѝ направил целосна естетска трансформација и целиот процес го документирал на социјалните мрежи.

„Сите старееме, но јас на 68 се чувствувам одлично. Одвнатре се чувствував младо, а сега тоа можам да го видам и однадвор“, додаде таа. Нејзиниот син коментираше: „Повеќето деца на своите мајки им додаваат брчки. Јас успеав некои да отстранам, а тоа е навистина посебно. Веќе беше самоуверена и имаше прекрасна личност, но сега гледам дека ѝ се вратија таа младоликост и полет. Изгледа навистина одлично“.


Откако ја објави трансформацијата на мајка си, д-р Трусдејл призна дека се соочил со критики поради тоа што оперирал член од сопственото семејство. Сепак, ја бранеше својата одлука.

„Многумина рекоа дека на мојата мајка операцијата не ѝ била потребна и со тоа целосно се согласувам“, рече тој. „Мојата филозофија на пластичната хирургија, освен кога станува збор за реконструктивни зафати, е луѓето да се чувствуваат одлично во својата кожа“.

„Имав можност тоа да го направам за својата мајка. Иако не ѝ беше неопходно да изгледа помладо, тоа ѝ го подобри животот и квалитетот на живот. Имаме ограничено време на овој свет, затоа е подобро да бидеме што е можно посреќни“, објасни тој.

Заклучи: „Лично познавам десетина хирурзи кои оперирале членови на своето семејство, своите мајки и своите сопруги, но знам за само неколку кои тоа го направиле јавно“.