[ВИДЕО] Ким Кардашијан се сопнала носејќи потпетици од 20 см: Ја објавила снимката

Точка

19/03/2026

09:14

703

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан речиси паднала на забавата по доделувањето на наградите Оскар на „Венити Фер“ во недела вечерта, додека чекорела во потпетици од 20 сантиметри.

45-годишната ѕвезда од ријалити шоуто „The Kardashians“ самата на ТикТок споделила снимка од моментот, покажувајќи ја својата вечерна модна комбинација, која вклучувала гламурозен „Гучи“ фустан, потпетици „Плизер“ и ледено сини контактни леќи, пренесе „Пејџ Сикс“.


Незгода на пат кон забавата

На снимката може да се види како Кардашијан оди по тротоарот со нејзината пријателка Стефани Шеферд, прашувајќи се дали десниот чевел треба да ѝ биде поцврсто врзан. Неколку моменти подоцна, таа се сопнала и речиси паднала во грмушките. За среќа, нејзината пријателка и неколку членови на нејзиниот тим брзо ја фатиле и ја спречиле да падне на земја.


„Ох! Извинете, извинете! Мојот глужд“, рекла Ким додека се обидувала да ја врати рамнотежата додека нејзиниот тим ѝ ја местел облеката. Продолжила да оди, потпирајќи се на еден член од тимот. Потоа објаснила дека треба поцврсто да го врзе левиот чевел пред да излезе на црвениот килим на забавата на „Венити фер“.


Златна комбинација и сини леќи

Основачката на брендот „СКИМС“ во неделата блескала во златна комбинација, но најмногу внимание привлекле нејзините потпетици со платформа и сините леќи.



Изгледот го комплетирала со 3-каратни дијамантски обетки од „Ofira Jewels“, „зачадени очи“ шминка (smokey eye), нагласени јаболчници и сјаен кармин во кожа боја. Косата ѝ била стилизирана во боб фризура до рамената со лесни бранови.