Доколку сакате да живеете подолго и да останете силни и витални, важно е да размислувате за спречување на стареењето на клеточно ниво. Стареењето започнува во клетките, кога тие ја губат својата функција, се зголемува ризикот од хронични здравствени состојби и се забележуваат првите видливи знаци на стареење. Затоа, поддршката на клеточното здравје е клучна за долговечност.
1. Антиоксиданси – заштита од оксидативен стрес
Антиоксидансите играат централна улога во борбата против оксидативниот стрес и воспалението, два главни фактори поврзани со стареењето. Тие природно се наоѓаат во овошје и зеленчук (особено оние богати со витамин Ц и витамин А), но суплементацијата може да обезбеди дополнителна поддршка.
Во овој контекст, антиоксидантните формули од Adastra и Natura Therapy, како што се комплекси со ресвератрол, витамин Ц, витамин Е или екстракт од мускатно грозје, можат да помогнат во неутрализирање на слободните радикали и поддршка на здравјето на кожата, срцето и имунитетот. Полифенолите, како антоцијанини и кверцетин, се особено моќни за намалување на воспалението и подобрување на еластичноста на кожата.
2. Протеин за зачувување на мускулната маса
Со стареењето, особено по 40-тата година, телото станува помалку ефикасно во обновување на мускулното ткиво. Губењето на мускулната маса може да доведе до намалена сила, подвижност и независност. Внес на протеини околу 1 до 1.2 грама по килограм телесна тежина дневно е клучно за одржување на мускулите.
Одржувањето на мускулната маса не е важно само за физичкиот изглед, туку и за енергијата, метаболизмот и квалитетот на животот.
За среќа на нашиот пазар имаме Мача колаген, функционален производ кој ја комбинира антиоксидативната моќ на јапонската мача со регенеративната функција на високо-квалитетен колаген, создавајќи формула која реално помага на клеточно ниво. Зелената мача е одличен извор и на природен кофеин и на таурин што прави да ја подобриме и одржиме енергијата, фокусот и издржливоста на телото. Содржи и Л-Теанин и магнезиум, кои го намалуваат стресот и заморот на организмот, помагаат да се релаксираме и подобро да ни работи мозокот, како и хлорофил, за подобар квалитет на крвта, поголемо снабдување на клетките со кислород, и детоксикација на телото.

3. Креатин – моќна поддршка за енергија и мозочна функција
Креатинот е природно присутен во мускулите и игра клучна улога во создавањето енергија. Со возраста, способноста на телото да произведува и складира креатин се намалува, што може да влијае на силата, издржливоста и дури на когнитивната функција.
Adastra суплементите со креатин од Natura Therapy можат да помогнат во: подобрување на мускулната сила и перформанси, побрзо закрепнување по физичка активност, поддршка на мозочната функција и концентрацијата.
Креатинот се смета за еден од најистражуваните и најефикасни суплементи кога станува збор за мускулно и клеточно здравје.

Заклучок
Долговечноста не значи само подолг живот, туку и подобар квалитет на живот. Комбинацијата од антиоксиданси, доволен внес на протеин и креатин може да биде силна стратегија за поддршка на клеточното здравје, мускулната маса и енергијата.
Секако, пред започнување со било каква суплементација, препорачливо е да се консултирате со стручно лице за да изберете производи соодветни на вашите индивидуални потреби.
Комерцијален текст











