[ВИДЕО] Пристигна првиот трејлер за новиот „Spider-Man“: Том Холанд повторно во улогата на популарниот јунак

Точка

18/03/2026

21:22

325

Големина на фонт

а а а

Првиот трејлер за филмот „Spider-Man: Brand New Day“ го носи враќањето на Том Холанд во улогата на Спајдермен, еден од најпознатите јунаци на „Marvel“.

Станува збор за четвртиот самостоен „Spider-Man“ филм во рамките на филмскиот универзум на Marvel (MCU), чија премиера е закажана за 31 јули.

Продолжението „Brand New Day“ означува првпат Холанд да се појави во кината како филмски лик на „Marvel“ по блокбастерот „Spider-Man: No Way Home“ од 2021 година, кој во светските кина заработи повеќе од 1,9 милијарди долари.

Дејството на новиот филм се надоврзува на настаните од претходниот дел, каде што Питер Паркер поднесува голема жртва за да го спаси Њујорк и мултиверзумот од распад.

Последица од магијата на Доктор Стрејнџ беше доаѓањето на негативци од други димензии, како Зелениот Гоблин и Доктор Октопус. За да го спречи уништувањето, Питер прифаќа сите да го заборават неговиот вистински идентитет, вклучително и неговата девојка Ем-Џеј (Зендеја) и најдобриот пријател Нед (Џејкоб Баталон).

Соочен со загубата и тагата по смртта на неговата тетка Меј (Мариса Томеи), Питер започнува ново поглавје како Спајдермен, облекувајќи ново црвено-сино одело инспирирано од стриповите.


Продолжението „Spider-Man: Brand New Day“ носи и низа познати и нови ликови од универзумот на „Marvel“.

Во филмот се појавуваат Марк Рафало како Хулк и Џон Бернтал како Панишер, додека Мајкл Мандо се враќа во улогата на Скорпион од филмот „Spider-Man: Homecoming“.

На актерската екипа ѝ се придружуваат и Сејди Синк, позната по серијата „Stranger Things“, Трамел Тилман од серијата „Severance“, Лиза Колон-Зајас („Bear“) како и Марвин Крондон Џонс, кој го толкува гангстерот Томбстоун.