[ВИДЕО] Ја освои Европа со својот глас, но не се срами што работи во „McDonald's“: Тина Русева искрена – „не сум лигаво девојче што ќе седи дома и ќе чека од фамилијата“

Точка

18/03/2026

16:15

634

Големина на фонт

а а а

Тина Русева е млада и талентирана пејачка која го освои првото место на престижното европско музичко натпреварување „The Voice of Europe“, откако претходно ги воодушеви сите на „The Voice of Germany“.

Таа е родена и порасната во Струмица, но од 11-годишна возраст живее во Германија каде завршила средно училиште, општа гимназија и, како што вели, да не бил натпреварот „The Voice“, ќе се запишела на факултет за да студира менаџмент.

Денес Тина го живее својот сон, односно создава музика, но притоа не се срами од работа и во гостувањето во поткастот на Стефан Лазаров откри дека работи во „McDonald's“.


Во таа прилика ги охрабри сите млади да работат и ја сподели својата приказна со публиката:

„Моментално работам во McDonald's. Работам „mini job“. Тоа е еднаш неделно, одам како на испомош нешто.

И искрено интересно ми е, затоа што ми е филтер од сè друго што го работам, а е поврзано со музика. Имам еден ден во кој што работам нешто сосема различно од музиката.

Нормално музиката е во прв план, но секогаш треба да се трудиме за повеќе. Никогаш не сум била лигаво девојче кое што ќе седи дома и ќе чека од својата фамилија.

Планирам да вложувам во мене, во мојот глас, во сè што се случува моментално, така што за сето тоа потребни се финансии. Колку и да работам со музика, може да се надомести секогаш.

Затоа си работам во „McDonald's“, чисто за себе, да си заработам плус пари. Работам од некои 15-16 години така константно и работам до ден-денес.

Имам работено во БајАрена - фудбалски стадион во градот Леверкузен, тоа е така поинтересно. Продавав пиво, сок, јадење, сè околу гастрономија - јас бев задолжена.

Јас сум човек кој што сака да работи, не сум девојка која што седи дома и чека од родителите, така што ми било интересно да учам нови работи“.