[ВИДЕО] Девојче скокнало врз Кејт Мидлтон: Многумина ги изненадило она што принцезата ѝ го кажала

Точка

18/03/2026

14:26

1.342

Големина на фонт

а а а

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон вчера присуствувала на традиционална парада на Ирската гарда по повод Денот на Свети Патрик, а посетата ја одбележал и симпатичен момент со ќерка на еден од војниците. Девојчето не се одвојувало од принцезата, која срдечно ја поздравила.

Средба со ќерките на војниците

Тригодишната Виена, ќерка на наредникот Милс кој ги предводел тапанарите и гајдаџиите на парадата во касарната Монс, не можела да го скрие своето возбудување додека Кејт се наведнувала да ја поздрави. Принцезата го држела девојчето за рака додека таа се смеела, се нишала и ѝ скокала по нозете. „Дали си возбудена?“ Кејт го прашала девојчето, пренесе „Индепендент“. Потоа ѝ рекла дека има „прекрасна коса“ и ракоплескала додека девојчето се вртело.

Принцезата и самата мајка на три деца, со насмевка ѝ пришла и на другото девојче, тригодишната Мила. Кејт ја фатила за раце, ѝ го пофалила зеленото фустанче и машната, па ја прашала дали „мама“ ѝ помогнала со облекувањето.


Модна комбинација со посвета на Ирска

Принцезата од Велс за оваа пригода облекла смарагднозелен капут и соодветна шапка. На реверот носела златен брош во форма на детелина на Ирската гарда, а свечениот изглед го надополнила со гранче вистинска детелина.


Косата ја собрала во плетена пунџа, што според зборовите на модната стилистка Лилиан Џонс за магазинот „Хелоу“ би можело да биде посвета на ирското наследство и келтскиот фолклор. „Традиционалните фризури често имаа сложени плетенки што симболизираа статус и идентитет“, објаснила таа.



„Ниту еден дел од гардеробата на Кејт не е случаен, па затоа не би било изненадувачки ако комбинацијата од богати зелени тонови и овој плетен детаљ била тивка посвета на Ирска“, додала Џонс.