Лебеф за потегот на Росениор: Не знам што се обидува да ни покаже…

Дерби

18/03/2026

16:18

216

Големина на фонт

а а а

Челси доби уште една лекција од Пари Сен Жермен, втор натпревар во кој загуби со три разлика.

Мината седмица премиерлигашот се распадна во самата завршница и загуби со 5-2, додека пак вчера доживеа потоп на свој терен на „Стемфорд Бриџ“ од 3-0.

Доста работи не функциниораат кај Челси по доаѓањето на Лијам Росениор и ќе биде интересно да се види дали „сините“ ќе ја остварат барем основната цел, да бидат во Топ 4, Топ 5 во ПЛ и на тој начин се изборат за место во ЛШ.

Франк Лебеф како играч го носеше дресот на клубот од Лондон и не му е лесно кога екипата губи на ваков начин, а воедно издвои и еден потег на тренерот кој воопшто не му се допадна. Имено Челси вчера прими два гола во раната фаза и вкупниот резултат веќе беше 7-2 за да по еден час домашниот тренер повлече дел од најважните играчи со оглед на тоа што беше јасно дека нема враќање назад.

Токму тука Росениор му даде ливче со инструкции на Гарначо, нешто што за Французинот е бесмислено во ситуација кога сè е завршено.

- Како јас ќе реагирав? Ќе отидев до аут-линијата и ќе прашав дали е шега или се шегуваш? Мислиш дека работите што ќе ги прочитам ќе бидат корисни во моментов? Не значи ништо. Можеби напишал шега. Смешното е што човекот што ја прими бараше друг играч да му даде инструкции.

- Можеби играчот за кој зборуваше веќе бил заменет, не знаеме. Можеби се онесвестил, тоа беше лудо. Тој не е единствениот што прави такви работи. Не знам што се обидуваат да ни покажат новите тренери од новата ера, знаеме дека е сосема бескорисно, - истакна Франк кој потоа говореше и за играта.

- Не знам дали луѓето би ми дозволиле да зборувам, но би им рекол на момците дека она што го направивме беше срамно. Не го направивме она што моравме да го направиме, особено во реваншот. Во првиот натпревар направивме грешки и бевме казнети. Но, не можете да го имате овој став во реваншот каде што мора да се осигурате дека противникот ќе се мачи.

- Играш дома, мора да имаш воинствен став, да бидеш агресивен на вистински начин, мора да го исплашиш противникот и да му покажеш дека си дома и дека ќе биде вака, а не обратно, - заклучи човекот кој со Франција беше европски и светски шампион.