Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, изјави дека сите играчи се заслужни за пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Синоќа, играчите на Реал Мадрид го победија Манчестер Сити на гостински терен со 2:1 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Клубот се квалификуваше за четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако го доби првиот натпревар со 3:0.
„Не е лесно да се победи на начинот на кој победивме, особено затоа што малкумина мислеа дека ќе ги добиеме двата натпревари практично без Килијан Мбапе. Ако сакате, ќе напишам книга за тоа, но знам дека сè уште имам многу да учам, иако работев напорно во изминатите месеци. Сепак, мора да продолжиме во таа насока, бидејќи ако изгубиме веднаш, сите повторно ќе се сомневаат во нас“, рече Арбелоа.
Тој им се заблагодари на играчите на Реал за двете победи против Манчестер сити.
„Не се осмелувам да кажам дека сум победил тренер како Пеп Гвардиола – заслугата им припаѓа на играчите. Само пред неколку месеци не би се ни надевал на ова. Пеп ми честиташе на крајот и ми посака среќа во неделниот дуел со Атлетико“, додаде Арбелоа.








