Франк Рибери е еден од играчите кој освеои свој белег во европскиот и светскиот фудбал, играч кој најубавиот дел од кариерата го мина во германскиот великан Баерн Минхен.
Французинот се задржа во Минхен седум години, период во кој беше меѓу клучните играчи за сите успеси, титули како на домашната и меѓународната сцена. Тој има статус на легенда на „Алијанц Арена“ и многу му е драго поради тоа.
- Баерн победува затоа што има богато знаење, има многу високо ниво на професионализам, а во исто време е како семејство. Воодушевен сум што нивните навивачи ме сметаат за легенда; ние направивме историја со сè што освоивме. Го направивме тоа заедно затоа што, и тогаш, како и сега, ги споделувавме истите силни вредности, - вели Рибери кој смета дека баварците ќе ја докрајчат Аталанта, но и дека можат да стигнат до пехарот.
- Баерн е премногу силен, но Аталанта е исто така многу добра. Паладино и неговиот тим дефинитивно дадоа сè од себе. Поентата е дека овој тим на Баерн е едноставно премногу силен: тие би биле тежок противник за секого. Во моментов, тие се најсилниот тим, без сомнение. Тие се на самиот врв во секој аспект: технички, тактички, физички. Тие се лига за себе; секој можеше да го види тоа. Што се однесува до мене, тие се фаворити за освојување на Лигата на шампионите, - порача Франк кој во иднина ќе го гледаме како тренер.







