Во раните утрински часови, во Шуто Оризари бил опожарен патнички автомобил „ренџ ровер“.
Возилото според информациите од полицијата било со скопски регистарски ознаки и сопственост на Ф.О.(37) од Скопје.
Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале маскирано лице кое истурило течност врз возилото, по што тоа веднаш се запалило.
Во пожарот нема повредени лица, а огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.








