МВР откри нови детали: Девојката која падна од балкон во Тетово била малтретирана од татко ѝ, тој сам се пријавил во полиција

Макфакс

17/03/2026

15:49

1.041

Големина на фонт

а а а

Малтретирана од татко ѝ била 19-годишната девојка која на 14 март падна од балкон во Тетово.

МВР соопшти дека таткото самиот се пријавил во полиција во текот на вчерашниот ден, по што со него бил извршен службен разговор.

„Полициските службеници утврдиле дека девојката била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко А.А.“, велат од МВР.


Се додава дека, по насока на јавен обвинител, таткото е пуштен, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Девојката со тешки повреди беше пренесена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Според информациите на полицијата, таа паднала од балкон од куќата на нејзиниот дедо.