Војната на Блискито исток предизвика моќни турбуленции на пазарот на нафта и го поттикна растот на акциите на европските енергетски компании кои би можеле да профитираат од повисоките цени на нафтата и гасот.
Индексот на енергетскиот сектор „STOXX Europe 600 Energy Index“ се зголемил за околу шест отсто од почетокот на конфликтот, додека пак цените на Brend достигнале околу 106 долари по барел.
Аналитичарите на банката „Berenberg“ наведуваат дека речиси сите компании од секторот на нафта и гас имаат корист од повисоките цени на енергенсите, но дека релативното влијание ќе зависи од развојот на конфликтот и влијанието на различните енергетски производи.

Меѓу најголемите добитници се компаниите кои имаат мал или никаков оперативен ангажман во регионот на конфликтот, пренесува „Bloomberg“.
Акциите на шпанската компанија „Repsol“ и норвешкиот произведувач на енергија „Equinor“ се зголемиле за над 10 отсто, додека пак раст забележала и португалската компанија „Galp“.
Инвеститорите сметаат дека овие компании се во подобра позиција да го искористат растот на цените на нафтата и рафинериските маржи затоа што не се значајно изложени на геополитичкиот ризик на Блискиот исток.
Спротивно од тоа, некои големи европски енергетски компании со големо присуство во регионот на Персискиот залив, како што е француски „TotalEnergies“, бележат послабо влијание.
Кризата истовремено го зголеми интересот за алтернетивните горива
Акциите на финската компанија „Neste“, произведувач на обновлив дизел и авио-горива, се зголемиле за околу 28 отсто од почеток на конфликтот на Блискиот исток.

Компаниите во секторот на обновливи енергии како „Vestas Wind Systems“ и „Nordex“ се соочуваат со притисокот поради стравот на инвеститорите дека растот на инфлацијата и трошоците за задолжување можат негативно да влијаат на вложување во зелената енергија.
Германски „Siemens Energy“ исто така има проблеми, поради тоа што оваа фирма обезбедува енергија за проекти на база на вештачка интелигенција кои сега се под знак прашалник како последица на војната на Блискиот исток.












