Филипче: Во СДСМ имаме договор, сите од криминалната власт ќе одговараат

Макфакс

17/03/2026

14:45

142

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање рече дека со членовите на СДСМ има договор за борба против криминалната власт на ДПМНЕ и за европска иднина на државата.

- Ме прашувате за неакаков договор. Гледате што ми прават секој ден, ме масакрираат медиумски секојдневно. Ме споредуваат со убиец на деца, дека сум бил наркоман, ме лепат на некои слики со златни визи во Дубаи, така ли изгледа договор? Нема апсолутно никаков договор. Јас имам договор со членовите на СДСМ, дека ќе се бориме за европска, просперитетна Македонија и дека ќе се пресметаме со оваа криминална власт. Ете само тој договор го имаме тука и дека сите што се сега на власт ќе одговараат за се што сега прават“, рече Филипче.