Протекоа фотографии: Вака ќе изгледа целосно новиот баварски ѕвер?!

Точка

17/03/2026

13:50

645

Големина на фонт

а а а

Целосно новиот „BMW i3“ официјално ќе биде претставен во среда на 18 март, а еден ден претходно во јавноста протекоа неколку фотографии од долгоочекуваниот автомобил. Дизајнот на „BMW i3“ се темели на концептот „Neue Klasse“, а сериската верзија изгледа подеднакво елегантно.

Автомобилот има целосно нов дизајнерски потпис на „BMW“, кој претставува модерна интерпретација на препознатливата маска на ладилникот во форма на „бубрези“. Маската е потенка и сега се протега преку целата предна страна на возилото. Таа има осветлена рамка и содржи нови „LED“ предни светла.


Новиот „BMW i3“ има остри линии од сите страни и вградени рачки на вратите кои му даваат чист и минималистички изглед. Препознатливата „Hofmeister“ линија е задржана, а задниот дел има елегантни, обвиткувачки „LED“ светла. Сепак, за разлика од многу современи автомобили, задните светла не се спојуваат во една линија, туку завршуваат пред логото.


Презеде многу елементи од „BMW iX3“

Ентериерот очигледно има слична поставеност како кај „iX3“, првиот модел на „BMW“ од новата генерација. Наместо класична инструмент табла, има дигитална лента поставена под ветробранското стакло, голем инфотејнмент екран, како и нешто необичен волан со две краци.


„BMW i3“ ќе биде базиран на електрична архитектура од 800 волти и ќе поддржува брзини на полнење до 400 kW. Од самиот почеток се очекува и верзијата „i3 50xDrive“, која веројатно ќе ја има истата моќност од 469 коњски сили како „iX3 50xDrive“.


Извештаите сугерираат дека „i3“ би можел да понуди автономија до 800 километри. Како што веќе напоменавме на почетокот, официјалното претставување на новиот „BMW i3“ ќе се одржи утре.