[ФОТО] Вака изгледаше пред само 3 години, а кога вчера се појави на Оскарите – молк и неверување: „Не сакам да бидам дебелата најдобра другарка“

Кармин

16/03/2026

15:15

1.867

Големина на фонт

а а а

Воодушеви во кобалтно син фустан што го дизајнираше познатиот Зак Позен. Но, стајлингот остана во втор план бидејќи по синоќешното доделување на Оскарите нашироко се коментира нејзината трансформација.

Актерката Барби Фереира се претстави во смело модно издание на 98-то доделување на Оскарите. Фустанот што го носеше има дури 70 вградени потпорни елементи на корсетот, додека долгото здолниште со копчиња го надополнува драматичниот изглед.


Изгледаше и како Дизни принцеза и како модерна модна икона. Како што објасни Позен, необичната, силно модерна верзија на класичната силуета на принцеза фустан е инспирирана од основно парче облека на култниот бренд: едноставна оверсајз кошула, пишува „InStyle“. Идејата била на тој начин да се долови посебна нота на гламур.


Ѕвездата на серијата „Euphoria“ потврди дека е и тоа како решена да го трансформира својот изглед. Се споменуваше бројката од 22 килограми, колку што успеала да ослабе, а резултатите од трансформацијата ги покажа и минатата година на ревијата на „Victoria’s Secret“ во Њујорк.


Се најде на мета на шпекулации дека го користела лекот „Оземпик“, кој се применува во терапија за дијабетес и никако не би требало да се зема без дозвола од лекар. На овој опасен тренд експертите предупредуваат и по синоќешното доделување на Оскарите, каде Деми Мур се издвои како предводничка на оваа алармантна појава меѓу познатите личности.


А луѓе блиски до Барби Фереира за нејзиниот процес на трансформација го изјавија следново: „Без разлика дали земала „Оземпик“ или некој друг лек, таа ужива во вниманието што го добива“.

Барби се откажа од улогата во хит серијата на врвот на нејзината популарност. Како што изјави, Кет, како што се вика хероината чиј лик го толкуваше, ја ограничувала да го покаже својот талент, бидејќи улогата била базирана на нејзините килограми.


„Едноставно мислам дека Кет немаше каде понатаму. Навистина не сакам да бидам дебелата најдобра другарка. Нема да играм таква улога“, изјави таа за „Variety“.

Извор близок до актерката ја поддржа во таа одлука: „За некој да добие улога во Холивуд, мора да изгледа на одреден начин. Колку и да звучи површно, за жал, тоа е вистина. Ослабе за да ја оживее својата кариера“.

Важно е да се каже дека Барби Фереира беше убава и порано, како што е и по трансформацијата, а некои стандарди во Холивуд секако би требало да се променат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk