[ВИДЕО] Експерт тврди дека правите грешка кога готвите тестенини: „Затоа се дебелеете“

Кармин

11/03/2026

09:26

659

Големина на фонт

а а а

Повеќето луѓе прават грешка при готвењето тестенини поради која внесуваат многу повеќе калории отколку што мислат, тврди личен тренер.

Топли, вкусни и брзи за подготовка, тестенините се чест избор во исхраната на многу луѓе, дури и кај оние што се обидуваат да ослабат. Во комбинација со зеленчук и здрави извори на протеини, тие можат да бидат избалансиран и заситувачки оброк. Сепак, личниот тренер Том Хал предупредува дека една едноставна грешка при готвењето може да доведе до неочекувано голем внес на калории, што може да го отежни слабеењето.


Хал во видео на Tикток објаснува дека многу луѓе неправилно ги мерат порциите тестенини, поради што несвесно внесуваат повеќе калории. Според него, проблемот настанува затоа што многумина не знаат дали тежината наведена на пакувањето се однесува на суви или на веќе сварени тестенини.

„На пакувањето често пишува дека 75 грама суви тестенини даваат околу 180 грама сварени“, објаснува Хал. „Луѓето најчесто го прескокнуваат тој дел и гледаат само дека 180 грама содржат околу 286 калории. Потоа мерат 180 грама суви тестенини, што е многу поголема количина, и мислат дека внесуваат 286 калории. Но всушност треба да измерите 75 грама суви тестенини, бидејќи тие значително се зголемуваат при варењето“, додава тој.


Во видеото, Хал споредува две порции – една од 75 грама суви тестенини и друга од 180 грама – покажувајќи колкава разлика има во количината по готвењето. Ако се свари погрешна количина, предупредува тој, една порција може лесно да надмине 600 калории.

Затоа, ако се обидувате да ослабете, важно е правилно да ги мерите порциите тестенини, а овој едноставен совет може значително да ви помогне полесно да ја контролирате исхраната.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk