[ФОТО] Елизабет Харли им пркоси на годините: Покажа како ѝ прилега фустанот што прв пат го носела пред 27 години

Кармин

11/03/2026

08:29

883

Големина на фонт

а а а

Актерката Елизабет Харли (60) повторно го демонстрирала својот беспрекорен стил и елеганција кога за настан во Индија одбрала црн „Версаче“ фустан што прв пат го носела пред 27 години на Мет Гала.

Таа на Инстаграм објавила две фотографии – една од 1999 година и друга од 2026 година на кои позира во ист фустан, докажувајќи дека некои модни љубови едноставно не бледнеат.


„Да живее Версаче. За оваа викенд-авантура во Индија го пребарав мојот архив и го пронајдов едното од моите омилени парчиња, што последен пат го носев на Мет Гала во 1999 година. Можеби поминаа 27 години, но некои љубови никогаш не бледнеат“, напиша актерката.



Фустанот има длабоко деколте и висок шлиц, додека на половината е украсен со каменчиња во нијанса на розова и портокалова боја. Со фустанот носела долги обетки, ѓердан со приврзок и сребрена алка.



За кратко време објавата собрала повеќе од 64.000 лајкови, а во коментарите се ределе комплиментите на обожавателите: „Изгледаш уште подобро сега“, „Кој еликсир пиеш. Мислам, сериозно“, „Безвременска убавина“, „Прекрасна тогаш, прекрасна и сега“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk