Вака родителите го воспитувале Бил Гејтс, татко му бил угледен адвокат и само еднаш го полеал со вода во лице: „Секогаш се користеше разумот“

Кармин

13/03/2026

14:30

329

Големина на фонт

а а а

Бил Гејтс зборувал како го воспитувале родителите и кои методи ги користеле за да ја развијат неговата дисциплина, карактер и претприемачки дух.

Еден од најпознатите и највлијателни претприемачи на денешницата, Бил Гејтс, растел во семејство во кое големо внимание било посветувано на образованието и воспитувањето.

Неговите родители, Вилијам Х. Гејтс и Мери Максвел Гејтс, не планирале нивниот син да стане милијардер, но верувале дека знаењето, дисциплината и правилното насочување е клучот до успехот.


Влијанието на родителите на неговиот живот и кариера

Таткото на Бил, Вилијам Х. Гејтс, бил угледен американски адвокат и познат филантроп. Починал во септември 2020 година на 94 години. Во текот на животот имал важна улога и во хуманитарни проекти, а особено во фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

Неговата мајка, Мери Максвел Гејтс, останала запаметена како успешна деловна жена и прва жена која била претседателка на хуманитарна организација. Исто така била член на управниот одбор на банкарската компанија „First Interstate Bank System“.

Нејзините деловни познанства имале значајно влијание и на почетокот на „Microsoft“. Токму таа го запознала својот син со луѓето од раководствата на компанијата „IBM“, што подоцна довело до важен договор за развој на оперативниот систем. Мери починала во 1994 година.


Филозофија на воспитување: „Љубов и логика“

Родителите во текот на детството на Бил настојувале да му обезбедат стабилно опкружување, но и да ја поттикнат неговата љубопитност и претприемачки дух.

Неговиот татко особено верувал во пристапот на родителство познат како „љубов и логика“ којшто подразбира јасни правила, но и смирен и емпатичен однос кон децата.

Како што изјавил Бил во едно свое интервју, неговиот татко секогаш знаел како да ја задржи смиреноста.

„Ми беше јасно дека светот е место кое тој го има под контрола“, изјавил Гејтс.

Тој додал и дека неговиот татко се трудел секогаш да биде мирен и предвидлив, па дури и кога децата се однесувале лошо.

„Никогаш не паничеше. Никогаш не мораше да ги покажува емоциите или да користи емоции против мене, дури ни кога бев неверојатно непослушен“.


Немирно детство и конфликт со родителите

Бил отворено говорел за тоа дека не било лесно да го воспитуваат како дете. Особено не ѝ било лесно на неговата мајка затоа што било невозможно да го извадите од соба затоа што деновите ги поминувал таму читајќи книги.

Во своите мемоари „Изворен код“ опишал како неговите родители во еден период биле загрижени поради неговото однесување во училиште.

Бил одлучен, често не ги сфаќал сериозно обврските од училиште и тешко се вклопувал во системот.

„Во војна сум со родителите“, му рекол на некој терапевт каде го носеле неговите татко и мајка.

Смирен пристап на дисциплинирање

Вилијам избегнувал да го подигне тонот на гласот или да користи строги казни во воспитувањето. Наместо тоа настојувал сѐ да реши со разговор и со разумно воспитување.

„Секогаш се користеше разумот и секогаш беше смирен“.

Кога после работа ќе се врател дома и ќе слушнел дека неговиот син бил немирен, не доаѓало до кавга. Наместо тоа, му се обраќал смирено:

„Во нашата куќа, како што знаеш, не правиме такви работи. Мислам дека сега е добро да одиш горе и да ѝ се извиниш на мајка ти“.

Гејтс подоцна изјавил дека таквиот начин на комуникација јасно ја покажувал сериозноста на ситуацијата и дека знаел дека најдобро ќе биде да го послуша.


Единствениот момент кога губел нерви

Иако главно бил смирен, Гејтс се сеќава дека неговиот татко еднаш ја изгубил контролата. Тоа се случило на маса во текот на конфликт, кога, како што вели, го полеал со чаша вода во лицето затоа што премногу паметувал.

Освен тој момент, неговиот татко речиси секогаш бил прибран. Бил Гејтс верува дека токму таквиот начин на воспитување помогнал подоцна во животот подобро да ги контролира сопствените емоции.

Родителите го поттикнувале да развие нови вештини

Неговите родители сметале дека е важно детето да се обиде и во работи за кои природно не е талентирано, за да развие различни способности.

Поради тоа го охрабрувале да се занимава со разни активности, дури и кога не му биле омилени. Подоцна Бил Гејтс слични принципи користел и во воспитување на своите деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk