Владата организира ифтарска вечера

Макфакс

12/03/2026

20:26

239

Големина на фонт

а а а

Вечерва во име на Владата, имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност, објави премиерот, Христијан Мицкоски.

„Во духот на овие вредности, вечерта ја поминавме во топла атмосфера, разговарајќи, градејќи пријателства и потврдувајќи дека почитта и соживотот се темел на нашето општество. Ваквите средби нè потсетуваат дека различностите се наша сила, а меѓусебната поддршка е патот кон посилна и пообединета заедница. На сите верници кои го одбележуваат месецот на постот им посакувам мир, здравје и благословени денови“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.


Вечерва во име на Владата, имавме чест да организираме ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна...

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday 12 March 2026