Танкер санкциониран од САД помина низ Ормускиот теснец и покрај блокадата

Макфакс

14/04/2026

06:59

1.895

Големина на фонт

а а а

Танкер под санкции на САД помина низ Ормускиот теснец и покрај блокадата на клучниот бродски пат од страна на САД, покажаа податоците за сообраќајот на бродовите на LSEG, објави Ројтерс.

Rich Starry“ е во кинеска сопственост и екипаж, а носи околу 250.000 барели метанол, покажаа податоците.

Соединетите Американски Држави претходно воведоа санкции врз танкерот и неговиот сопственик, „Shanghai Xuanrun Shipping Co Ltd“, поради работење со Иран.

Централната команда на САД (CENTCOM) претходно соопшти дека ќе биде воведена блокада врз сите бродови што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа во Персискиот Залив и Оманскиот Залив од понеделник до 16 часот по средноевропско време. Товарот на „Rich Starry“ беше натоварен во Хамрија во Обединетите Арапски Емирати, последното пристаниште на бродот.