[ФОТО] Се сеќавате на тенисерот кој беше миленик на жените? Денес изгледа непрепознатливо

Точка

12/03/2026

19:13

628

Големина на фонт

а а а

Поранешниот најдобар тенисер на светот Марат Сафин овие денови е во Индијан Велс, каде што се појавил како тренер на Андреј Рубљов. Но вниманието на јавноста не ја привлече само неговата нова улога, туку и неговиот целосно поинаков изглед.

Денес 46-годишниот Сафин е речиси непрепознатлив во споредба со деновите кога доминираше на тениските терени. Наместо кратката фризура по која навивачите го паметеа, сега носи долга коса и густа брада, поради што многумина на прв поглед тешко го препознаваат поранешниот тениски ас.


Сафин за време на кариерата бил познат како еден од најхаризматичните и најтемпераментни играчи на Турот. Неговиот моќен стил на игра и бурните реакции на теренот обележаа еден период од машкиот тенис.

Двоен освојувач на Гренд слем

Рускиот тенисер во кариерата освои два Гренд слем трофеи. Првиот го освои во 2000 година на УС Опен, кога во финалето го победи Пит Сампрас, додека вторпат славеше во 2005 година на Австралија опен. Во текот на кариерата стигна и до првото место на АТП листата, а по завршувањето на професионалната кариера во 2009 година беше примен и во Тениската куќа на славните.


Во последните години Марат Сафин ретко се појавуваше во јавноста, но сега повторно е во светот на тенисот како тренер на Андреј Рубљов. Нивната соработка започна минатата година за време на сезоната на земјена подлога. Сафин, кој и самиот во текот на кариерата беше познат по наглиот темперамент, сега се обидува да му помогне на Рубљов подобро да ги контролира емоциите на теренот.


Активен и надвор од професионалните турнири

Покрај работата со Рубљов, Сафин повремено се појавува и на егзибициски натпревари на тениски легенди.


Така, минатата година на УС Опен настапи во двојки со Бетани Матек-Сендс против Пат Рафтер и Ким Клајстерс. Во јануари на Австралија опен играше и на меч на легенди со Лејтон Хјуит против Роџер Федерер и Пат Рафтер.