Реал Мадрид уште еднаш покажа дека не може да се отпише во една елиминациска рунда во Лигата на шампиони, па иако во пресмектата со Манчестер Сити влезе како тим на кои му се даваат доста мали шанси за победа, „кралот“ на најелитното европско натпреварување го оправда таквиот епитет со победа од 3:0.
И покрај отсуствата на седум важни фудбалери, Алваро Арбелоа пронајде рецепт да го неутрализира силниот тим на Пеп Гвардиола, а во стартниот тим направи и едно големо изненадување такашто му даде шанса на 18-годишниот Тиаго Питарч.
Феде Валверде беше херој на мечот благодарение на неверојатниот хет-трик кој го постигна, но во интересната анализа која ја направи Тјери Анри, доста запазено беше името и на талентираниот 18-годишен играч за врска.
"I don't know what they put in that jersey... maybe if I put it on it might help me to get my hair back." 😭
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) March 11, 2026
Titi knows the Real Madrid jersey has some magic 🪄 pic.twitter.com/OsCvbt28W4
– Јас сум голем, огромен фан на Барса. Знаете дека се ме поврзува со Барселона, но мора да му се оддаде признание на Реал Мадрид. Никој не очекуваше вакво нешто, никој не очекуваше Валверде да постигне хет-трик. Секој кој ќе каже дека предвидел хет-трик на Валверде, тој лаже. Не би сакал да издвојува поединци, сакам да го нагласам колективниот напор кој го вложија против Сити. Вака се добиваат големи натпревари, сите се бранеа како тим, а Валверде доби најголема награда. Тој со години му служи на клубот на секаков начин, а овие три гола се награда за се она што го прави. Мора да му оддадеме признание и него, – почна Анри, па продолжи.
– Сакам да зборувам и за….. Не знам ни како да му го изговорам името…. Питарч! Со посебно внимание го следев него оваа вечер. Каква партија од малдото момче, тој трчаше на сите страни. Навистина не знам каква моќ има овој бел дрес, навистина не знам што имаат ставено во него. Шега е ова што следно ќе го кажам, бидејќи навистина не сакам да го носам тој дрес. Но, ако некогаш го облечам, можеби ќе ми порасне коса, – порача Анри и заврши.
– Дресот на Реал навистина многу тежи, но кога некој ќе го облече, како да станува друг играч. Мора да се признае тоа и да се оддадем признание. Никој не очекуваше вакво издание од Реал Мадрид. Ме боли да го кажам ова, но завршија извонредна работа, – заврши Тити.










