Поранешниот фудбалер на Челси, Џон Оби Микел, имал експлозивно гостување во студиото на „Ток Спорт“ и таму директно го обвини Арсенал дека сака на измамнички начин да стигне до толку посакуваната титула во Премиер лигата.
Головите од корнер за поранешниот нигериски репрезентативец се нелегални и тој побара судиите да престанат да ги толерираат недозволените потези на „топчиите“ во противничкиот шеснаесетник.
– Кога го гледам Арсенал сега, тие се целосно зависни од корнерите.
– Потрошија милијарда фунти под водство на Артета и сакате да ми кажете дека единствен начин да ја освојат титулата е со голови од корнер. Па тоа е смешно.
– Сето она што го прават за време на корнерите за мене е недозволено и нелегално. Прво го блокираа голманот, а сега почнаа да ги држат и фудбалерите. Како судиите не го гледаат тоа? Ако судиската комисија не го спречи овој тренд и други ќе почнат да го користат и ќе настане хаос.
– Затоа и сметам дека Арсенал мами во обидот да ја освои титулата, – рекол Оби Микел.








