Касано со шокантно тврдење: Ако го искористев талентот, ќе бев подобар од Баџо, Тоти и Дел Пјеро

Дерби

15/04/2026

16:15

271

Големина на фонт

а а а

Антонио Касано често предизвикува дебати со своите остри коментари поврзани пред се со италијанскиот фудбал, но овојпат се чини отиде најдалеку и тоа во епизода во која ги величел своите фудбалски квалитети.

Иако неспорен голем талент и фудбалер кој имаше и забележителни настапи, па обезбеди и трансфер во Реал Мадрид, Касано никогаш не го искористи целосниот потенцијал, а сега излегол со став дека ако тоа се случело, ќе бил поголем играч од големото италијанско трио „десетки“.

Касано се споредувал со Роберто Баџо, Франческо Тоти и Алесандро Дел Пјеро, од кои според него имал многу поголем талент.

– Да го искористев талентот сто проценти, ќе бев подобар од сите тројца, односно од Тоти, Баџо и Дел Пјеро. Во мојот најдобар период? Апсолутно да. Иако никогаш не го достигнав тоа во мојата кариера, во мојот живот, задоволен сум.

– Баџо беше брилијантен, Тоти беше најсилната десетка во италијанскиот фудбал, а Дел Пјеро беше феноменален играч, но да бев на сто проценти, ќе бев посилен од сите тројца.

– Во споредба со Тоти, јас бев побрилијантен. Во споредба со Баџо, имав подобри физички предиспозиции, додека во споредба со Дел Пјеро, имав повеќе во сите елементи на фудбалот. Тој постигнуваше повеќе голови, секако, но зборувам за мојот најдобар период. Во мојот најдобар период, ако го правев она што Исус го заповеда, немав вистински ривали, – рекол Касано.