УФЦ шампион ограбен во Италија, но за една работа им се заблагодари на крадците

Точка

14/04/2026

22:34

569

Големина на фонт

а а а

УФЦ шампионот во лесна категорија Ислам Махачев се најде во центарот на вниманието поради непријатен инцидент што му се случил за време на престојот во Италија.

Еден од најдобрите борци на денешницата останал без дел од својот багаж, откако крадци му украле куфер, во кој се наоѓал и вреден подарок што го добил од фудбалерот на ПСЖ, Хвича Кварацхелија.

Махачев во изминатите денови патувал низ Европа, а меѓу другото престојувал и во Париз, каде што во живо го следел натпреварот од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Ливерпул на Паркот на принцовите. Токму тогаш добил посебен сувенир – копачки што ги носел Хвича Кварацхелија, стрелец на тој натпревар.

За жал, токму тие копачки биле причината поради која крадците го таргетирале неговиот багаж.

„Највредната работа во куферот беа тие копачки. Ако фудбалот не ви е силна страна, слободно вратете ги“, порача Махачев преку социјалните мрежи.

Иако останал без вредниот подарок, рускиот борец задржал доза на хумор и смиреност. Открил дека крадците сепак му ги оставиле најважните работи.

„Благодарам на ’љубезните‘ крадци што ми го вратија пасошот“, напиша тој, додавајќи дека му останале и паричникот и молитвениот тепих.


Сепак, целата ситуација му го расипала впечатокот за Италија.

„Дојдов расположен, но сега веќе немам исто чувство“, призна Махачев.

Додека се очекуваат информации за неговиот следен меч и враќањето во октагонот, јасно е дека ова патување ќе го памети по непланираниот инцидент кој брзо ги обиколи светските медиуми.