[ВИДЕО] Покажала како цеди лимон без да го пресече, па „крена на нозе“ илјадници луѓе: „Како не сум знаела за ова?!“

Кармин

09/03/2026

16:39

1.047

Големина на фонт

а а а

Колку пати ви се случило да ви треба само малку лимонов сок за вода, чај или салата, а сепак да мора да пресечете цел лимон? Потоа сокот капе насекаде, половина од лимонот се суши во фрижидерот, а често во чашата завршуваат и семки.

Многумина се мачат со цедењето лимон на класичен начин, особено кога им се потребни само неколку капки сок.

Токму затоа еден едноставен трик, кој неодамна стана вирален на Инстаграм, воодушеви илјадници луѓе. Една жена покажала како да исцедите лимон без да го пресечете, и тоа со помош на предмет што речиси секој го има дома.

Исцедете лимон без сечење

Во видеото таа зема остро метално стапче, како оние за раженчиња, и со него го прободува лимонот приближно до половина. Откако ќе го извади стапчето, го стиска лимонот над чаша со вода и сокот почнува да излегува низ малата дупка. На овој начин можете да исцедите точно онолку сок колку што ви е потребно, додека лимонот останува речиси цел и може повторно да се искористи подоцна.


Видеото брзо привлече внимание, а коментарите почнаа да се редат: „Молам?“, „Ми го промени животот“, „Како не сум знаела за ова порано?!“, „Морам да го пробам ова“, се само дел од коментарите на воодушевените корисници на Инстаграм.

Дополнителни трикови за уште повеќе сок

Во коментари се појавија и дополнителни совети како да се извлече уште повеќе сок од лимонот. Една жена препорачала лимонот пред цедење лесно да се притисне на работната површина и да се тркала со дланката, бидејќи така ќе омекне и ќе пушти повеќе сок. Друга корисничка сподели уште еден трик: ако сакате да исцедите максимална количина сок, ставете го лимонот во микробранова печка на 10 до 20 секунди пред цедењето.

Едноставно, брзо и без неред – не е ни чудо што многумина овој мал кујнски трик го прогласија за вистинско откритие.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk