Авиокомпанијата „Emirates“ соопшти дека сите летови кон и од Дубаи се прекинати до понатамошно известување. Во драматична објава на мрежата X, компанијата апелираше до патниците да не доаѓаат на аеродром. Оваа драстична мерка следуваше по силна експлозија што одекнала во близина на терминалот, додека тензиите и воздушните напади на Блискиот Исток достигнуваат точка на вриење.
Во текот на саботата, над Меѓународниот аеродром во Дубаи (DXB) се слушнала силна експлозија, по што на небото се појавил голем облак од чад, потврдиле очевидци за новинската агенција AFP.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи се огласи по повод овој настан и го опиша како „помал инцидент настанат поради пад на остатоци по пресретнување на проектил“, пренесе индискиот „The Economic Times“.
Emirates Airlines suspend all flights to and from Dubai International Airport until further notice. pic.twitter.com/jjkk3iRYlF
— Russian Market (@runews) March 7, 2026
Платформите за следење летови, како „Flightradar24“, забележаа напната ситуација во која авионите со часови кружеле над градот во „holding“ шема, чекајќи дозвола за слетување пред воздушниот простор над Емиратите целосно да биде блокиран.
Компанијата во претходните денови успеваше да извршува ограничен број летови од Дубаи и Абу Даби исклучиво преку привремени и безбедни воздушни коридори, но понатамошната ескалација го принуди менаџментот на целосно запирање на операциите.
WATCH: Iranian drone intercepted over Dubai International Airport - filmed from a residential window as explosions "shook the building," according to the person who filmed it. pic.twitter.com/HT5to7GbsY
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) March 7, 2026
Од компанијата наведоа дека нови информации ќе бидат објавени кога ќе бидат достапни и им се заблагодарија на патниците за разбирањето и трпението.
„Безбедноста на нашите патници и екипажот е наш највисок приоритет и нема да биде доведена во прашање“, соопшти авиокомпанијата.
„Емирати“ информира дека патниците кои имале резервирани летови меѓу 28 февруари и 31 март можат да изберат пререзервација на друг лет до нивната дестинација до 30 април или да побараат поврат на средствата.
Воедно, сите градски пунктови за чекирање во Дубаи се привремено затворени до понатамошно известување.
На патниците им е издадено строго упатство да не тргнуваат кон аеродромот доколку немаат директна потврда. Сите патници погодени од овој прекин (со резервации до 31 март) ќе добијат флексибилни опции, со можност за поврат на пари или бесплатна промена на летот за датуми пред 30 април.
Најголем колапс на авио-сообраќајот од пандемијата:
• Ова затворање на небото претставува само врв на ледениот брег во она што светските аналитичари го нарекуваат најголем шок за глобалната авио-индустрија од пандемијата на коронавирусот. Официјалните податоци покажуваат дека повеќе од 80% од летовите во регионот се откажани.
• Новите безбедносни инциденти се надоврзуваат на повеќедневните удари на Иран низ Заливот. Според извештаите на странските медиуми, ова не е прв удар врз инфраструктурата на ОАЕ оваа недела:
• Во претходни напади на аеродромот во Дубаи биле повредени четворица работници, а оштетен е и еден од терминалите.
• Остатоци од дронови и проектили предизвикале пожари во близина на американскиот конзулат во Дубаи.
• На удар се нашле и ексклузивни локации, при што се забележани инциденти во близина на луксузниот хотел Fairmont The Palm на познатиот остров Palm Jumeirah, како и кај култниот хотел Burj Al Arab.
• Стотици илјади очајни патници во моментов се заглавени на терминали ширум светот, додека Блискиот Исток се соочува со невидена блокада на воздушниот простор и постојани опасности од воздух.















