Тригодишно дете од Гевгелија почина на пат кон болница

Макфакс

22/11/2026

17:11

169

Големина на фонт

а а а

Тригодишно дете од Гевгелија почина за време на транспорт кон болница, а случајот е пријавен во полиција. Детето било донесено во Комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје, каде за жал биле констатирани сериозни здравствени проблеми.

Тригодишно дете од Гевгелија починало за време на транспортот кон болница, а случајот бил пријавен во полиција откако детето било донесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На 21 ноември 2026 година, околу 13:40 часот, во СВР Скопје било пријавено од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив било донесено починато тригодишно дете од Гевгелија.
Според пријавеното, детето имало здравствени проблеми и починало за време на транспортот кон болницата.
На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатото дете му било предадено на семејството.