Актерската двојка Рајан Гослинг (45) и Ева Мендес (52) им приредиле изненадување на сите свои обожаватели – се појавиле заедно првпат по повеќе од десет години.
Тие двајца се пар познат по тоа што никогаш не сакале да привлекуваат внимание кон себе, но сега направиле исклучок.
Спектакуларното појавување по пауза долга 13 години го направиле во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, а покрај тоа Рајан ја искористил можноста и да ја изненади Ева за нејзиниот роденден.
Рајан беше вообичаено елегантен, а Ева за ова големо појавување избрала фармерки и црна блуза, врз која го облекла пругавиот џемпер на Гослинг со потпис на модната куќа Луј Витон, кој е посебен по тоа што актерот го носел во еден квиз.

За време на снимањето, водителот ѝ открил на Ева дека во публиката се наоѓа оркестар кој ќе ѝ ја отсвири роденденската песна, а Рајан аплаудирал и пеел.

Последното јавно појавување Ева и Рајан го имале во 2013 година, на премиерата на филмот „Место зад боровите“, а интересно е што токму на снимањето на тој филм се запознале две години претходно.
Уште тогаш ја започнале својата врска за која никогаш не сакале јавно да зборуваат, а дури и се венчале во тајност и имаат две ќерки.