[ФОТО] Долниот дел од овие фотографии е чиста уметност: Никол Кидман во „Chanel“ креација која потсетува колку црната боја е моќна

Кармин

06/03/2026

12:30

670

Големина на фонт

а а а

На премиерата на новата серија „Scarpetta“, оскаровската се појавила во парче од новата колекција на висока мода достојно за ѕвезди од нејзин ранг.

Никол Кидман зад себе има тежок период, многу проекти, смрт на мајка ѝ и развод од музичарот Кит Урбан, но продолжува понатаму посилна од кога и да е – и вообичаено елегантна.

Австралиската актерка ја претстави новата серија „Scarpetta“, направена врз основа на истоимениот серијал книги, во која ја толкува главата улога и ја потпишува продукцијата со Џејми Ли Кертис.


Никол на премиерата на серијата во Њујорк пристигнала во уште едно феноменално издание од модната куќа „Chanel“ со која соработува со години, а нејзиниот избор за оваа прилика е од колекцијата за пролет 2026 година.

Актерката носела продолжен струкиран блејзер со дворедни копчиња на кој продолжува провидно здолниште украсено со пердуви во долниот дел.


Станува збор за сако кое ја истакнува фигурата на Никол, а за отменоста придонесуваат копчињата и квалитетниот крој кои го нагласуваат рамниот струк.

Со оваа комбинација искомбинирала сатенски салонки со проѕирна потпетица и „Chanel“ обетки во облик на панделка.


Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација?



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk