[ВИДЕО] Арина Сабаленка кажа „да“: Познатиот милионер ја запроси славната тенисерка, Новак и другите колеги ја опсипаа со честитки

Точка

04/03/2026

10:43

1.428

Големина на фонт

а а а

Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, му кажа „да“ на својот избраник Јоргос Франгулис!

Во романтичен амбиент покрај базен, со многу цвеќе и свеќи, познатиот милионер клекна на колена и ја праша славната Белорусинка дали сака да биде негова сопруга. Арина веднаш кажала „да“.

Таа ја објави снимката од романтичното запросување со краток коментар: „Ти и јас, засекогаш“.


Веднаш пристигнаа честитки од сите страни, а меѓу првите се огласи Новак Ѓоковиќ, кој е во одлични односи со најдобрата тенисерка во светот. Новак остави низа срца под објавата на Арина.

И неговата сопруга, Јелена Ѓоковиќ, исто така се приклучи на честитките, како и Карлос Алкараз и многу други познати колеги и колешки од турнирите.


Кој е Јоргос Франгулис?

Јоргос Франгулис е основач на брендот за суперхрана „Oakberry“, познат по акаи производите, кој има повеќе од 700 продавници ширум светот. Покрај деловниот успех, Јоргос е и страстен љубител на автомобилски трки и учествува во натпреварувањата „Porsche GT3 Cup Challenge“.

Арина и Јоргос често споделуваат заеднички моменти на социјалните мрежи, а тој е редовен гостин на нејзините натпревари.


Роден е и израснат во Сао Паоло, но неговото семејство потекнува од Солун во Грција. Студирал право на универзитетот „Fundação Armando Alvares Penteado“ (FAAP), но никогаш не полагал правосуден испит.

„Секогаш знаев дека нема да бидам адвокат. Право запишав затоа што сметав дека може да ми помогне во која било област. Она што навистина го сакав беше да бидам претприемач“, изјавил за „Forbes Brazil“.

По дипломирањето во 2014 година, прво се преселил во Мајами, а потоа во Венис Бич, Калифорнија.


„Често одам во црква, разговорот со Бог ми годи. На тоа подеднакво ми влијаеја двете страни од семејството. Духовниот аспект и интуицијата ми значат многу“, раскажал во истото интервју за „Forbes“.