Карик не го отпишува Јунајтед од борбата за пехарот во ПЛ: Ништо не можете да…

Дерби

04/03/2026

13:20

330

Големина на фонт

а а а

Мајкл Карик успеа да го препороди Манчестер Јунајтед и екипата забележа шест победи на последните седум натпревари, поточно беа освоени 19 од вкупно 21 бод во Премиер лигата во изминатиов период.

Со ова „црвените ѓаволи“ дојдоа до третата позиција на табелата и сега пред нив се само Манчестер Сити и Арсенал, два клуба кои Јунајтед ги доби по доаѓањето на Карик.

Иако заостанувањето е големо, Мајкл не сака целосно да ја отпише неговата екипа од трката за пехарот иако и самот прзнава дека тоа е навистина тешка мисија.

- Не можете ништо да исклучите во фудбалот, но мора да бидеме реални и да знаеме каде сме. Мислам дека треба само да се обидеме да продолжиме да победуваме на натпреварите и да видиме. Над нас сега има два фантастични тима. Има неколку навистина добри тимови во нас и околу нас. Имавме добра серија, сигурно не се занесуваме. Мора да бидете трпеливи, но мора малку да живеете во моментот, секако, да ја земете самодовербата.

- Каде и да нè однесе тоа, ќе треба да видиме. Но, сепак ќе продолжиме да притискаме… Дефинитивно чашата е полуполна за тоа што можеш да постигнеш, повеќе од негативната страна, тоа е сигурно. Секако, сум реалистичен во врска со тоа. Мора да победиме на многу фудбалски натпревари за да се случи тоа, па ќе го правиме она што го правиме досега и ќе одиме еден по еден, - порача менаџерот на составот од Манчестер.